Подравка со изменет состав во следната сезона

Хрватскиот шампион, Подравка следната сезона ќе настапи со изменет состав. Клубот го напуштија неколку играчи вклучувајќи ги Андреа Човиќ, Кристина Елез, Јелена Живковиќ и Јелена Трифуновиќ. Овие ракометарки беа едни од главните играчи во екипата на Подравка. Разговорите за останување на Мирјана Миленковиќ и Миранда Татари се уште се во тек.

Нови ракометарки во Подравка се Селена Милошевиќ од ЖРК Замет, Лана Франковиќ од унгарската екипа Мошонмаѓаровар, Дора Крсниќ од Желина и Ивана Деџиќ од ЖРК Кока.

Со освојувањето на храватскиот шампионат, во новата сезона Подравка обезбеди учество во Лигата на шампионите.

Фото:rk-podravka.hr