Подравка за Вардар ќе се загрева со Сесвете во Копривница

Денес противникот на ЖРК Вардар во Лига на шампионите – РК Подравка Вегета ќе одигра првенствен натпревар во хрватската супер лига против ракометниот клуб Сесвете. Пред домашната публика избраничките на Горан Мрѓен ќе спремаат тактики и акции за натпреварот против ЖРК Вардар. Сесвете Агропротеинка е солиден тим за разлика од денешниот противник на ЖРК Вардар во супер лигата, ЖРК Ѓорче. На табелата ЖРК Сесвете се наоѓа на седмото место во конкуренција на 14 тимови.

Распоред за 7.коло

Трешњевска – ЖРК Осијек ( 05.11.2014)

Замет – Далматинка ( 05.11.2014)

РК Сплит – ЖРК Самобор ( 05.11.2014)

РК Подравка Вегета – ЖРК Сесвете Агропротеинка ( 05.11.2014)

Зрински – Умаг ( 05.11.2014)

Желина – Локомотива Загреб ( 05.11.2014)

ЖРК Кока во седмото коло славеше победа против ЖРК Бјеловар со 35:25 ( 17:17).

Фото:  Роберт Шоштариќ (Robert Šoštarić)