Погодоците на Лазаров против Кил (ВИДЕО)

Барселона оваа година нема да има можност во Келн да ја брани титулата Европски шампион. Каталонците во четвртфиналниот двомеч беа елиминирани од германскиот шампион Кил, кој по одличната партија во Германија и победата од 29-24, успеа да ја сочува предноста и да обезбеди нов пласман на завршниот турнир.
Македонскиот капитен Лазаров на првиот натпревар во Германија беше најдобар стрелец на својата екипа со шест постигнати гола, а на реваншот во “Блауграна” одигра нешто под нивото на кое сме навикнати да го гледаме иако со пет погодоци (три од седмерец) беше втор стрелец на својата екипа.

На видеото подоле погледнете ги петте погодоци кои Лазаров ги постигна на реванш натпреварот против Кил во “Блауграна”.

Kire Highlights FCB-THW5 goles/goals

Публикувахте от Kiril Lazarov España /Official Fanpage/ в Неделя, 1 май 2016 г.