Поглед низ СЕХА-историјата: Сите дуели меѓу Вардар и Мешков Брест на едно место

Ракометарите на Вардар денеска од 19 часот ќе имаат нова битка со колегите од Мешков Брест, а таа ќе биде заведена како меч број 18 меѓу овие две екипи во СЕХА-лигата. Ривалството трае од втората сезона на СЕХА и оттогаш секогаш имало големо надигрување. Трипати се среќаваа и на Ф4 турнирите, а ова ќе им биде четвртипат да ги одмерат силите на еден ваков натпревар така што сигурно ќе биде интересно и вечерва.

Бројките од досегашните дуели се на страната на „црвено-црните“. Вардар има девет победи, додека Мешков Брест шест. Два од натпреварите завршија со нерешен резултат. На досегашните 17 средби беа постигнати 970 гола. Тоа се голем број на голови така што денеска се очекува и погодокот број 1000 меѓу шампионите на Македонија и на Белорусија. Инаку од нив 491 постигнаа ракометарите на Вардар, а 479 играчите на Мешков Брест.

Најголемата победа ја има Мешков Брест. Ја забележа сезонава на 30 октомври кога Вардар отиде во Белорусија со втор состав. На тој меч Мешков Брест победи со 35:20. Овој пораз, сепак, не болеше така што дефинитивно беше јасно дека нема да остави трага. Вардар, пак, најголемата победа ја забележа лани исто така во полуфиналето на СЕХА кога во Скопје славеше со 33:24.

Сите досегашни дуели меѓу Вардар и Мешков Брест во рамки на СЕХА-лигата можете да ги видите во продолжение.

ВАРДАР ПРОТИВ МЕШКОВ БРЕСТ ВО СЕХА

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ

15 СЕПТЕМВРИ 2012

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         34:27

9 ФЕВРУАРИ 2013

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР         30:27

28 СЕПТЕМВРИ 2013

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР         23:27

7 ДЕКЕМВРИ 2013

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         29:24

13 АПРИЛ 2014 (ФИНАЛЕ)

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         29:27

8 НОЕМВРИ 2014

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР         30:22

4 ФЕВРУАРИ 2015

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         28:25

27 МАРТ 2015 (ПОЛУФИНАЛЕ)

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         28:32

28 ОКТОМВРИ 2015

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         27:28

29 МАРТ 2016

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР         30:32

30 АВГУСТ 2016

ВАРДАР – МЕШКОВ      34:34

17 ДЕКЕМВРИ 2016

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР         30:35

8 СЕПТЕМВРИ 2017

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         31:23

1 ФЕВРУАРИ 2018

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР         25:25

13 АПРИЛ 2018 (ПОЛУФИНАЛЕ)

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         33:24

30 ОКТОМВРИ 2018

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР         35:20

5 МАРТ 2019

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ         30:32