Поглед низ историјата: Келн е местото каде што Вардар знае да ја победи Барселона

Мечот кој денеска ќе биде одигран како второ полуфинале меѓу составите на Вардар и на Барселона ќе биде заведен како број 17 во заедничката историја на двата клуба. Вардар и Барселона во нивното ривалство кое датира од 18 октомври во 2003 година имаат одиграно 14 средби во групната фаза од Лигата на шампионите, еден меч во финалето од Лигата на шампионите во 2017 година и истата година полуфинале на Светското клупско првенство.

Бројките на Вардар не се позитивни кога е во прашање ривалството бидејќи има само две победи и едно реми и дури 13 порази. Сепак, пред полуфиналето во 2017 година имаа само едно реми и дури девет порази, па стигнаа до триумф во Келн. Затоа Келн е омиленото место на Вардар на кое знаат да ја победуваат Барселона.

Овој пат го нема херојот од тој дуел Лука Циндриќ, но има уште 16 други херои кои ќе знаат да се издигнат и да дојдат до најдобриот меч кога ќе биде најпотребно.

ИСТОРИЈА НА ДУЕЛИТЕ МЕЃУ ВАРДАР И БАРСЕЛОНА

18.10.2003

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                41:19

Ромеро 7, Хернандез Касадо 6 – Алушовски 5, Јовиќ 4

16.11.2003

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                27:35

Стецјук 6, Атанасовски 5 – Жером Фернандез 6, Ромеро 6

09.10.2004

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР 31:22

Наѓ 7, Ривера  5 – Марковски 10, Митровиќ 6

06.11.2004

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                12:26

Кајганиќ 5, Митрицки 3 – Ромеро 8, Наѓ 5

11.11.2009

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА 28:35

Ѓорѓевиќ 9, Пешиќ 4 – Хансен 8, Гарсија Лоренцана 7

21.11.2009

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР 35:28

Томас 8, Гарсија Лоренцана 6 – Пецаковски 6, Пешиќ 6

21.09.2013

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА 29:29

Дибиров 8, Карачиќ 7 – Рутенка 8, Лазаров 4

30.11.2013

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                30:23

Лазаров 7, Карабатиќ 5 – Брумен 6, Дибиров 5

14.11.2015

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                31:30

Жалуз 12, Ентрериос 5 – Харбок 8, Брумен 4

22.11.2015

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                25:27

Харбок 5, Циндриќ 3 – Жалуз 8, Томас 7

03.06.2017

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                26:25

Чупиќ 7, Душебаев 7 – Лазаров 6, Ривера 4

26.08.2017

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                29:32

Циндриќ 7, Борозан 6 – Мем 6, Ентрериос 5

14.10.2017

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                27:24

Борозан 6, Македа 5 – Ривера 8, Ентрериос 5

10.02.2018

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                29:28

Жалуз 6, Ентрериос 4 – Кристопанс 7, Циндриќ 5

11.11.2018

ВАРДАР – БАРСЕЛОНА                26:30

Дибиров 6, Кристопанс 5 – Мем 8, Фабрегас 4

17.11.2018

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР                34:26

Мортенсен 9, Брито Дуарте 4 – Чупиќ 4, Дисингер 4