Поглед низ историјата: Веспрем победи во Скопје во февруари, денеска е ред на Вардар

Од 18 часот почнува главната битка на Ф4 турнирот во Келн, а екипата на Вардар се соочува со Веспрем во овој меч кој ќе го даде новиот шампион. Вардарци вчера покажаа дека немаат респект против никого, а после Барселона на ред е и Веспрем.

Против шампионот на Унгарија досега се одиграни 16 натпревари и на нив Вардар има четири победи. Покрај тоа вардарци четирипати ремизираа, додека Веспрем има осум триумфи, но повеќето се на првите двобои.

Во последните години Вардар успеа да го надмине притисокот и конечно да го совлада Веспрем, а во Лигата на шампионите тоа првпат го направи во септември на стартот од оваа сезона во групата А.

Инаку, Веспрем победи и на последниот натпревар одигран во Скопје кога направи пресврт и си замина со победа од 29:27. Оттаму ова е шансата на Вардар за да се реваншира.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ МЕЃУ ВАРДАР И ВЕСПРЕМ

10 НОЕМВРИ 2001 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ВАРДАР – ФОТЕКС ВЕСПРЕМ    24:27

Манасков 10, Алушовски 3, Димовски 3 – Џомба 8, Паштор 7, Иванчик 4

8 ДЕКЕМВРИ 2001 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ФОТЕКС ВЕСПРЕМ – ВАРДАР    27:22

Џомба 6, Паштор 5, Перез 5 – Манасков 6, Алушовски 4, Атанасовски 2

13 СЕПТЕМВРИ 2014 (СЕХА)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР       31:23

Илиќ 12, Сулиќ 4, Руесга 3 – Дибиров 5, Брумен 4, Тоскиќ 4

15 НОЕМВРИ 2014 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      23:24

Карачиќ 8, Дибиров 4, Брумен 3 – Илиќ 6, Цајц 5, Родригез 4

22 НОЕМВРИ 2014 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР      32:24

Илиќ 8, Цајц 7, Родригез 3 – Дибиров 4, Душебаев 4, Прибак 4

7 МАРТ 2015 (СЕХА)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      28:21

Дибиров 8, Душебаев 5, Карачиќ 4 – Маргуч 4, Илиќ 3, Наѓ 3

10 НОЕМВРИ 2015 (СЕХА)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР      24:24

Наѓ 8, Сулиќ 4, Лекаи 4 – Дибиров 7, Душебаев 4, Македа 3

8 МАРТ 2016 (СЕХА)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      30:30

Циндриќ 6, Дибиров 6, Шишкарев 4 – Илиќ 10, Палмарсон 4, Наѓ 4

3 АПРИЛ 2016 (СЕХА, Ф4 ФИНАЛЕ)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР      28:26

Илиќ 7, Наѓ 4, Слишковиќ 4 – Циндриќ 5, Душебаев 4, Дибиров 4

23 АПРИЛ 2016 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4-ФИНАЛЕ)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      26:29

Дибиров 6, Карачиќ 6, Душебаев 4 – Илиќ 9, Палмарсон 7, Угалде 5

30 АПРИЛ 2016 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4-ФИНАЛЕ)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР      30:30

Илиќ 9, Наѓ 7, Лекаи 4 – Циндриќ 5, Душебаев 4, Шишкарев 4

10 СЕПТЕМВРИ 2016 (СЕХА)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      29:22

Карачиќ 8, Дибиров 5, Циндриќ 4 – Илиќ 8, Нилсон 3, Маргуч 3

6 ДЕКЕМВРИ 2016 (СЕХА)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР      28:28

Илиќ 6, Иванчик 5, Лекаи 4 – Циндриќ 6, Дибиров 5, Борозан 5

9 АПРИЛ 2017 (СЕХА, Ф4 ФИНАЛЕ)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      26:21

Канељас 5, Дибиров 5, Марсениќ 4 – Илиќ 5, Лекаи 4, Угалде 3

29 СЕПТЕМВРИ 2018 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР      25:27

Гајиќ 5, Мацковшек 4, Наѓ 4 – Борозан 5, Чупиќ 5, Дибиров 5

16 ФЕВРУАРИ 2019 (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ 27:29

Дисингер 5, Кристопанс 4, Скубе 4 – Лекаи 7, Наѓ 6, Ненадиќ 4