Погледнете ја “деветката” на Лазаров против Загреб (ВИДЕО)

Кирил Лазаров одигра уште една блескава партија во дресот на Барселона. Македонскиот капитен и покрај тоа што настапи само во вториот дел, со девет постигнати погодоци беше најдобар стрелец на натпреварот, и со вкупно 14 гола на двата четвртфинални натпревари беше еден од најзаслужните за пласманот на каталонците на фајнл-фор турнирот во Келн. Со најновите девет погодоци Лазаров со вкупно 99 гола се наоѓа на третата позиција на листата на стрелци на ЛШ.
Микел Хансен по фантастичното издание против Веспрем на кое постигна 15 гола со вкупно 103 погодоци ја презема првата позиција, а веднаш зад него се наоѓа ракометарот на Веспрем, Момир Илиќ со 101 постигнат погодок во досегашниот дел од натпреварувањето.
Со оглед на тоа дека за Хансен сезоната е веќе завршена, останува Кирил Лазаров и Момир Илиќ на фајнл фор турнирот во Келн да одлучат кој ќе ја понесе титулата најдобар стрелец на ЕХФ Велукс ЛШ.