Погледнете како Канељас ја прати Данска дома! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија во трилер завршница успеа да ја совлада Данска со 25-24 (11-11) и го обезбеди пласманот во полуфиналето каде за противник ќе ја има Франција. Херој на “црвената фурија” беше ракометарот на Кил, Канељас кој погоди буквално во последната секунда за пласман на Шпанија во полуфиналето. Драмата во последните секунди од натпреварот погледнете ја на следново видео: