Погледнете го најдоброто од Лигата на шампионите за 2015 (ВИДЕО)

Замина 2015 година, но останаа ракометните спомени од највозбудливите моменти изминатата сезона. Трофејот во Лигата на шампионките повторно се врати во витрините на Будуќност, Кире Лазаров по прв пат го подигна трофејот во елитното натпреварување, Вардар повторно се сопна во 1/4 финалето, а женскиот колектив по втор пат во низа загуби од црногорскиот шампион во полуфиналето на Лигата на шампионките.
Сето тоа зачинето со најатрактивните потези, голови, акции и одбрани, сумирано во две минути според изборот на ЕХФ медиа тимот можете да го погледнете подолу.