Погледнете го настапот на Миркуловски против Рајн Некар Ловен (ВИДЕО)

Во натреварот од последното коло во германската Бундеслига, екипата на Хановер за која настапува нашиот репрезентативец Филип Миркуловски, претрпе пораз на домашен терен од Рајн Некар Ловен со резултат 23-31. Миркуловски средбата ја заврши со 3 постигнати погодоци. По овој пораз Хановер се наоѓа на 12. позиција на табелата. Во наредното коло (14.3.2015), Хановер и гостува на екипата на Бергишер.