Погледнете ги сите голови на македонската младинска репрезентација на првиот дуел од ЕП (ВИДЕО)

Македонската младинска репрезентација денес на Европското првенство за жени ќе го има својот втор настап. По почетната победа против Литванија, избраничките на Симе Симовски ќе се обидат да изборат пласман во главната фаза на натпреварувањето. Вечерва од 21:00 против Германија ќе се разрешат сите дилеми околу квалитетите на младите надежи на македонскиот женски ракомет. Вчерашната премиерна победа служи за мотив и поттик за повеќе, за изненадување на ракометните експерти во Европа, затоа дуелот со Германија ќе даде појасна слика за аспирациите на младата женска ракометна репрезентација.

Како загревање за вечерниот дуел можете да го погледнете видеото од сите постигнати погодоци на Македонија во првиот натпревар од група Б.