Погледнете ги најатрактивните голови од првиот ден на Европското кадетско првенство за жени

Македонија е домаќин на Европското првенство за девојки до 17 години, во спортските центри „Јане Сандански“ и „Борис Трајковски“, ракометната публика ќе има можност да се запознае со новите млади таленти на женскиот ракомет. Вчерашниот ден беше почеток на официјалната натпреварувачка програма, во која македонскиот национален состав го претрпе првиот пораз. Екипата која преку невладината организација „Млади инфо“ ќе го покрива ова првенство, ги одбра најдобрите моменти од првиот натпреварувачки ден.
Во продолжение можете да ги погледнете најубавите потези, голови и сите резултати од натпреварите на првиот ден.

ФОТО: Урош Пихнер (www.letsplayhandball.eu)