Повредата е минато за Стоилов, од утре почнува со вежби (ФОТО)

Капитенот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов, веднаш по враќањето на македонската репрезентација од натпреварот од квалификациите за ЕП против Турција, направи операција на коленото. Таа помина во најдобар ред и тој ќе биде навреме подготвен за напорите што следат во следната сезона.

„Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на Вардар на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, кои што ќе потпомогнат за побрза рехабилитација“, информираа од болницата во која беше опериран вардаровиот капитен.

Вардарци започнуваат со подготовки за новата сезона на 24 јули, а потоа ги очекува настапот на Супер Глоуб, како и низа подготвителни натпревари.