Поволна ждрепка за ЖРК Вардар Јуниор во Челинџ Купот, Куманово против шпанска Хелветиа

Македонските екипи кои ќе се натпреваруваат во Челинџ, денес ги дознаа своите противници. Откако ЖРК Металург го откажа своето учество во европските натпреварувања, ЖРК Вардар Јуниор и ЖРК Куманово останаа единствените претставници во европските натпреварувања. Ждрепката сакаше вториот македонски претставник, четвртопласираната екипа од македонскиот шампионат, ЖРК Куманово во првото коло од Челинџ Купот да се надигрува со шпанската екипа Хелветиа Алкобендас.

13730558_10208288940814375_419227006_o

Второпласираната екипа во македонскиот шампионат ЖРК Вардар Јуниор ќе го започне натпреварувањето во Челинџ Купот од третото коло против составот на Свиленград од  Бугарија. Вардарки возвратниот меч ќе го играат во Скопје.

13730552_10208288940374364_1839182539_o