Побрзајте: Останаа околу 1.000 билети за дуелот меѓу Македонија и Исланд

По триумфот на македонската машка репрезентација над Исланд, овие две селекции ги чека уште една средба во евро квалификациите.

Македонија ќе го пречека Исланд в недела на 14 април со почеток во 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и со победа ќе го потврди пласманот на континенталниот собир.

Билети за овој натпревар се уште има, околу 1000, за повеќето сектори во салата во која нашата селекција најчесто победувала.

Поддршката од навивачите ќе биде неопходна, доколку сакаме вторпат да го победиме стариот познаник.

Билети може да се набават онлајн на karti.com.mk