Побрзајте – европскиот шампион Вардар ги пушти во продажба сезонските билети

Сите што сакаат да купат сезонски билети за натпреварите на Вардар, истото можат да го сторат од денеска до 9 септември, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ и онлајн преку www.ticketplus.mk. Во продажба се пуштени и сезонските билети што не беа заменети за времетраењето на приоритетната замена.

Сезонскиот билет за сезоната 2019/2020 овозможува влез на:
* Сите натпревари од групната фаза оd Лигата на шампионите
* Сите домашни натпревари од СЕХА Лигата
* Сите домашни натпревари од Супер лигата во Македонија
* Сите натпревари на домашен терен од Купот на Македонија

*Цената на сезонските билети за сезоната 2019/2020 се:
– 2.200 денари за трибините
– 2.550 денари за А блоковите

Вардар во сезоната 2019/2020 влегува како актуелен европски првак, шампион на СЕХА лигата и домашното првенство на Македонија. Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е Вардар.

Сезонава Вардар ќе игра во Б групата од Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на Веспрем, Келце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје. Во СЕХА лигата Вардар ќе игра во група со Нексе, Татран Прешов, Војводина, Пекинг  Универзитет и Мотор Запорожје.

Регуларната продажба на сезонски билети ќе се врши на касата на билетарницата на СЦ „Јане Садански“ секој работен ден од денеска до 9 септември од 10 до 18 часот и он лајан преку www.ticketplus.mk. По завршување на овој период повеќе нема да има сезонски билети во продажба, туку ќе следува поединечна продажба за секој натпревар поединечно.

За секој меч од Лигата на шампионите ќе има известување кога ќе бидат пуштени во продажба поединечните билети и нивната цена. Првиот домашен натпревар во ЛШ ракометарите на Вардар ќе го играат на 22 септември против Порто во СЦ „Јане Сандански“ од 17:00 часот.