Победничко селфи: Прилеп слави среде Широк Сокак (ФОТО)

Голема победа во регионалното дерби на ракометарите на Прилеп над Пелистер среде Битола со 30:32, беше овековечена со победничко селфи на помошник тренерот Ице Соколески. Прилепчани го прославија големиот триумф во познат битолски локал на популарната улица Широк Сокак.

Орјоникидѕе и Бозароски беа централните фигури на теренот во салата „Младост“ и се најзаслужни што Прилеп се враќа со победа од Битола.

prilep