Победничко селфи, за превземање на лидерската позиција во македонскиот шампионат (ФОТО)

Женскиот колектив на Металург денес замина славенички од спортскиот центар „Јане Сандански“. Во дербито на македонски шампионат Вардар Јуниор е поразен од Металург со високи 17-25. Со оваа победа Металург се изедначи по бројот на бодови со Вардар Јуниор на лидерското место во македонскиот национален шампионат.

Момент за паметење, момент за славење, момент кој ќе остане овековечен меѓу ракометарките на Металург, кои изминативе две години минуваат низ серизони клупски проблеми. Победа за потврда дека борбеноста и играта со срце може да надминат сите пречки. Селфи за крај на успешниот ден, за нова надеж…

12931057_1708187232785714_6661384009912536886_n