Победничко селфи за посветла иднина на македонскиот ракомет (ФОТО)

Позитивно утро во Гданск ги пречека малкумината навивачи од Македонија кои останаа да ја испочитуваат сениорската репрезенација на олипискиот квалификациски циклус. Младинската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство во Данска. Во Шафхаузен, по поразот од домаќинот, со две победи во наредните два меча младите репрезентативци обезбедија пласман на уште едно големо натпреварување.

Херој на дуелот против Црна Гора беше Филип Кузмановски кој вечерта ја помина патувајќи од Гданск за Швајцарија, а веќе утрото во 10:30 минути го облече репрезентативниот дрес на младинската репрезентација и беше најефикасен во македонскиот состав. За крај младите ракометари го овековечија моментот на херојска победа, за надеж, за верба во посветла иднина за македонскиот ракомет.

12936702_1362802333745661_1505146661098607299_n