Победничко деби за Цветковски: Иштад славеше на првиот пријателски натпревар

Од летово македонскиот голман Јане Цветковски има нов предизвик во Шведска и ќе настапува за силниот тим на Иштад заедно со легендарниот десен бек Ким Андерсон. Цветковски имаше одлични партии во дресот на Хелсингборг минатата сезона, со што го привлече вниманието на себе во Скандинавијата.

Тој веќе го имаше и официјалното деби за Иштад, на пријатеслкиот дуел против данскиот прволигаш Сидавсарна, на кој Швеѓаните славеа со 29:26. Македонскиот голман бранеше во второто полувреме и забележа 9 одбрани, од кои 1 пенал. Следниот контролен натпревар на кој Цветковски ќе може да ги покаже своите квалитети, се игра против бундеслигашот Магдебург.