Победничко деби за Нолевска во Виборг

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска имаше победничко деби за тимот на Виборг во данскиот шампионат. Иако десното крило играше и на пријателските натпревари во претсезоната, сепак натпреварот против Ринкобинг е нејзин прв официјален меч и настап за повеќекратниот европски првак.

Виборг немаше поголеми проблеми на гостувањето кај Ринкобинг и во натпревар со малку голови славеше со 15:21 во првото коло од шампионатот во Данска. Нолевска беше стрелец на 2 гола од 2 обиди. Следното коло Виборг ќе игра дома со ослабениот Митјиланд, па нема дилеми дека ќе забележи нова победа.