Победнички старт за Талески и Миркуловски во Бундес Лигата

Македонските репрезенти во Бундес Лигата оваа сезона, Филип Талески и Филип Миркуловски, по победничкиот старт на сезоната во германскиот ДКБ Куп, имаа побендички старт, откако Рајн Некар и Вецлар славеа и во шампионатот.

Рајн Некар славеше на гостувањето кај Лемго со 24:26, а Талески не доби минутажа и не се запиша во листата на стрелците, додека Вецлар запиша висока победа на гостувањето кај Гумерзбах со 22:33, а Миркуловски не постигна гол од двата обиди.