Победнички старт за Талевски и Јозгот во Турција

Тимот на Јозгот Ботокспор, каде оваа сезона ќе игра македонскиот интернационалец Јован Талевси, имаше победнички старт во турскиот шампионат. Јозгот славеше на домашен терен над тимот на Трабзонспор со убедливи 35:23, а на полувремето имаше предност од 14:9.

Талевски доби минутажа на овој меч и успеа да постигне 3 голови, а имаше и поголем број асистенции до своите соиграчи. Следен предизвик за ракометарите на Јозгот ќе биде гостувањето кај Мили Пјанго.