Победнички старт за новите момци: Кадетите го совладаа Вардар на првата контрола

Кадетската селекција на Македонија забележа победа од 39:33 на контролната средба против Вардар, која практично беше и прва проверка на можностите на новата генерација. Селекторот Данило Брестовац имаше простор за комбинирање бидејќи им даде шанса на сите играчи кои беа во тимот.

Првото полувреме беше израмнето. Резултатот беше 19:19, а потоа Вардар ги доби следните десет минути и поведе со 24:22. Во последните 20 минути од средбата кадетите влегоа многу поангажирано и посилно, а тоа донесе пресврт. Резултатот постепено се менуваше и кадетите дојдоа до предност која ја одржуваа до крајот на натпреварот.

На крајот беше 39:33 што е можност за мотив плус на момците коишто од петок до недела ќе играат на силен турнир во Висла Плоцк.