Победничкиот танц на холандските ракометарки (ВИДЕО)

Ракометарките на Холандија по вечерашниот триумф над Србија успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на Светското првенство во Данска. Лоис Абинг со шест погодоци и Лаура ван ден Хајден со пет погодоци беа предводници на високата победа од 36-20.

Огромна беше радоста на ракометарките на Холандија за кои пласманот во следната фаза значи и можност за надминување на најдобриот резултат на Светските првенства, односно 5-то место кое Холанѓанките го освоија во 2005 година.

На следниот ЛИНК можете да го погледнете победничкиот танц кој холандските ракометарки го изиграа во соблекувалната веднаш по натпреварот против Србија.