Победничката серија продолжува: Пролет со три бода и кај Металург

Екипата на Пролет ја продолжи одличната серија и дојде до петта победа во првенството, а овој пат тоа се случи на гостувањето кај Металург 2. Гостите предводени од поранешниот тренер на Металург, Никола Матлиески одлично го контролираа целиот меч.

Во првиот дел обезбедија убава предност која ја чуваа постојано. На одмор имаа убедливи 17:11, но во продолжението мораа да бидат повнимателни бидејќи Металург успеа да намали и да дојде до негатива од еден гол. Сепак, немаше сили за повеќе, па Пролет одново се врати на пристојна предност која беше зачувана до крај за нови бодови.

Ласко Андоновски и денеска имаше одлична партија во дресот на Пролет и беше главниот двигател во играта во нападот, но и одличен реализатор на ударите од седум метри, додека во Металург, Мартин Серафимов беше пред колегите.

МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ 62           29:33 (11:17)

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

МЕТАЛУРГ 2: Даниловски, Василевски, Димитриоски 4, Гошевски, Лазаревски 3, Смилевски, Серафимов 9, Арсеновски 1, Лембанов, Младеновиќ, Мелоски, Кондев, Шилегов 3, Танковски 3, Митиќ, Палевски 6

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 16 мин.

ПРОЛЕТ 62: Кимевски, Коруновски, Кристо, Ф. Василевски 6, Аларов, Јовчевски 2, Мајнов 4, А. Василевски, Ролевски 1, Коруновски, Трајковски 3, Андоновски 11, Џонов, Дамчевски, Љубевски, Стојановски, Манасков 7

Седмерци: 8/8, Исклучувања: 8 мин.