Победа ни носи второ место: Линк за следење на дуелот меѓу Македонија и Бразил (ВИДЕО)

По победата на Шпанија над Тунис, Македонија доколку слави над јужноамериканскиот противник Бразил, ќе биде на второто место во групата. Доколку избраниците на Илија Темелковски одиграат нерешено би биле третопласирани.

Со триумф Македонија ќе има 6 бодови, Тунис и Русија ќе имаат по 5 (нема сомнеж дека Русија ќе ја победи Буркина Фасо), а Бразил ќе има 4. Ако освоиме само 1 бод, сите четири селекции ќе имаат по 5 бодови и ќе се направи круг, па гол разликата ќе одлучува, но и тука Македонија ќе биде во предност и ќе обезбеди пласман во следната фаза. Мечот што започнува од 19 часот гледајте го на следниот линк….

https://www.youtube.com/watch?v=_ECQyz2Q3Mg