Победа на Црна Гора во режија на Јованка Радичевиќ, два погодоци на Андреа Кликовац

Селекцијата на Словачка го забележа својот втор пораз на Европското ракометно првенство додека Црна Гора со победата против Словачка обезбеди влез во следната фаза.ГРУПА Д ( Осијек)

Словачка – Црна Гора 24:28 (10:20)

Репрезенативките на Словачка одиграа лошо прво полувреме во кое успеаа да постигнат само десет погодоци. Словачка во 4тата минута го имаше првото и последното водство на натпреварот. Во првиот дел во црногорската репрезентација доминираа крилата Мехмедовиќ, Радичевиќ и Петровиќ. Во 9-тата минута Андреа Кликовац го постигна својот прв погодок на првенството. Црногорките рутински ја одржуваа својата разлика до крајот на првиот дел која на крајот изнесуваше цели 10 голови разлика, 10-20.

Во второто полувреме селекцијата на Словачка заигра поангажирано во нападот, а на голот Жанета Тотхова им даде крилја на своите репрезентативки и успеаа да го намалат водството на Црна Гора на пристојна негатива од -6. Драган Аџиќ се реши да им даде шанса на младите репрезентативки, Ѓурѓина Маловиќ , Ѓурѓина Јауковиќ, Ема Рамушовиќ и Јелена Деспотовиќ кои ја оправдаа довербата со одличната игра на теренот. Црногорките рутински го одржуваа водството за на крај да слават заслужена победа од 24-28 и обезбедување место во следната фаза.

Најефикасна ракометарка во Црна Гора беше Јованка Радичевиќ со шест погодоци, втората вардарка Андреа Кликовац постигна два погодоци од исто толку обиди. Најефикасна во Словачка беше Дубајова со пет погодоци.