Победа и пораз за кадетите на турнирот во Бугојно

Македонската кадетска репрезентација на меѓународниот турнир во Бугојно во рок од 24 часа забележа катастрофален пораз од Хрватска и убедлива победа над Катар.

Во утринскиот натпревар нашите репрезентативци беа достоен противник само во првото полувреме за до крајот да доживеат катастрофален пораз од селекцијата на Хрватска 25-41(13-17).  Најефикасни на овој натпревар во нашиот состав беа Танкоски и Димитриоски со 7 погодоци, а Јагуриновски постигна 5.

Во натпреварот против Катар кој се одигра во вечерните часови, нашите момчиња имаа водство во текот на целиот натпревар и славеа со резултат 28-20 (15-10). Најефикасен на овој натпревар во составот на Македонија беше Димитриоски со 9, а Танкоски постигна 6 погодоци.

Турнирот во Бугојно (БИХ) се одржува од 14 – 17 април и на него учествуваат осум репрезентации во две групи.  Македонија се наоѓа во групата Б заедно се репрезентациите на Хрватска, Катар и Полска. Во групата А се натпреваруваат селекциите на Србија, Словенија, Босна и Австрија.