Победа за самодоверба пред саботниот натпревар: ЖРК Вардар ја совлада екипата на Металург!

Во пресрет на возбудувањата од Лигата на шампионите, во Македонија се одигра 12-то првенствено коло во женска конкуренција. Во најинтересниот дуел екипата на ЖРК Металург во Автокоманада го пречека актуелниот шампион ЖРК Вардар.
000_0346
По воведните пет минути, Вардар ја создаде првата предност од три погодоци, која до 28-та минута изнесуваше 10 голови, 7-17 со погодокот на Сокач. Во средината на првото полувреме во жарот на борбата, Ања Алтхаус заработи повреда на лицето, по што мораше да замине на дополнителни прегледи, затоа Радичевиќ принудно мораше да покрива на пикерската позиција. Разликата од десет голови се задржа до крај на полувремето за конечни 8-18 по првите 30 минути игра.
000_0367
Во второто полувреме во неизвесна игра со многу грешки во нападот и брзи контра-напади, Металург успеа да намали еден гол од предноста која „црвено-црните“ ја имаа на паузата, за конечни 22-31. Металург најблиску до резултатот на Вардар беше во 48-та минута кога Јовановска го постигна 18 гол за домаќините, за шест голови негатива.
Најефикасна на дуелот беше Јованка Радичевиќ со осум постигнати погодоци, додека Черноиваненко постигна шест. Кај домаќините, Ливриниќ беше прецизна седум пати за Металург.