Победа за самодоверба пред дуелот со Монпелје: Металург го запиша вториот СЕХА триумф против Извиѓач

Во рамките на СЕХА лигата македонскиот претставник Металуг го декласираше босанскиот првак Извиѓач со високи 36-23. Пред своите најверни поддржувачи во спортскиот центар „Борис Трајковски“ Металург по само 20 минути игра го скрши отпорот на младиот состав на Извиѓач и обезбеди комотна предност која ја претвори во конечна победа.

metizv-3

Неизвесните 15 минути по кои двете екипи се менуваа во минимално водство, на Металург му овозможија со четири врзани погодоци да ја најави својата доминација на овој меч. Разликата во финишот на првиот дел сепостојано се зголемуваше, а Вања Илиќ во последната минута ги постави највисоките 18-10. До крајот на првите триесет минути Марковиќ стави точка на пролувремето за конечни 18-11.

metizv-2

Веднаш по паузата, разиграниот Металург го доврши она што го започна во првиот дел. Кратката клупа на противникот и неискуството ги чинеа босанците девет голови разлика до 45-та минута (25-16 Обрадовиќ 44′). Давор Палевски пет минути подоцна го одведе Металург на двоцифрена предност, која составот на Червар не ја пропушти до самиот крај. Напротив, играта на Извиѓач комплетно се распадна, а Палевски во 58-та минута ги постави највисоките +15 ( 33-19). До крајот на ефикасниот натпревар, Извиѓач успеа да намали дел од високото водство на Металург за конечни 36-23.

metizv

Најпрецизни на теренот беа Костески со шест голови, Вања Илиќ го спледеше со пет погодоци од исто толку обиди, а пет голови постигна и Немања Обрадовиќ. Во гостинската екипа Јосип Шарац постигна четири голови, а Кристијан Јарак го следеше со три.

По овој натпревар од СЕХА лигата, пред Металург претстои вистински испит во Лигата на Шампионите. Веќе во четврток во спортскиот центар „Борис Трајковски“ гостува моќниот состав на Мопелје. Следниот СЕХА дуел за Металург е македонското дерби против Вардар, на 22.11 во спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток од 17:45.