Победа за крај: Сениорките со пресврт ја надиграа Италија

После двата дуели против Турција во кој место еден против А селекцијата, а еден против вториот состав имаше два меча со најсилниот тим на Турчинките, Македонија играше против Италија. На третиот меч дојде до триумф од 29:24 иако на полувремето имаше негатива.

Италијанките тргнаа посилно и постојано беа во предност од гол до два. На одмор заминаа со 15:13, но паузата донесе можност за промени во играта. Во вториот дел почна поправањето и тоа донесе далеку подобра игра од Македонија во вторите 30 минути.

Вториот период беше добиен со резултат 16:9 и со вкупни 29:24 со победа го заврши гостувањето во Турција.

Инаку, на овој турнир Македонија беше некомплетна бидејќи дел од интернационалките викендов имаа обврски кон клубовите и дури утре ќе пристигнат на собирот кој ќе биде во Скопје. На 28 септември првиот дуел е против Шведска, а потоа на 1 октомври во Скопје гостува составот на Србија.