Победата и на втората контрола за Македонија против БиХ

Репрезентативките на Македонија до 19 години кои во подготовките за настап на ЕХФ-шампионатот во Литванија одиграа две контролни средби со БиХ, дојдоа до уште една победа. На вториот меч славеа со 30:28 со што потврдија дека се поквалитетни во моментов од противникот.

За разлика од вчера кога со пресврт беше обезбеден триумф, овој пат победата беше забележана со водство и во првиот дел. Македонија имаше предност после 30 минути од 15:12, а потоа само се чуваше позитивата до крајот.

Голем удел имаа и голманките бидејќи противникот имаше дури осум нереализирани удари од линијата од седум метри така што победата им припадна на репрезентативките на Македонија.

Со ова со позитивни резултати Македонија оди на ЕХФ-шампионатот каде што во првата фаза како ривали ќе ги има составите на Грузија, Швајцарија и Литванија.