“Плинарите” со два бода од хрватското СЕХА дерби

Во првиот натпревар од саботната програма, во хрватското дерби, вице-првакот Нексе во “Градски врт” го пречека хрватскиот шампион РК Прво Плинарско Друштво Загреб во рамките на првото коло од СЕХА лигата. Со резултат 35-19, учесникот во Лигата на шампионите, ППД Загреб го совлада домаќинот и ги предупреди останатите противници дека кризните денови се веќе зад нив.
Во првото полувреме „плинарите“ не беа на ниво на задачата, иако го диктираа темпото во текот на целиот натпревар и Загреб беше во постојано водство, домаќините успешно го одржуваа чекорот, кој на резултатски план значеше неизвесен натпревар се до 25-та минута и последното изедначување на натпреварот на 10-10. На гостите им беа потребни само три минути да направат три разлика и по првите 30 минути резултатот беше 11-14.
10628477_509019175867494_1967656733142054772_n
Фото: /www.seha-liga.com/
Во второто полувреме на теренот владееше една екипа, со комплетна доминација Загреб ја уништи играта на Нексе и со резултат 8-21 го доби второто полувреме. По 60 минутна борба ребрендираната екипа на Загреб, ги освои првите два бода во новата сезона на СЕХА лигата. Најдобри поединци во екипата на ППД Загреб беа Златко Хорват со 9 голови од 11 обиди и Тео Чориќ со 100 % учинок од 6 обиди, кај домаќинот Томислав Нуиќ постигна 4 погодоци.
Во следното коло, во дерби натпреварот од второто коло Загреб го пречекува словачкиот првак Татран, Нексе пак, гостува во Белорусија кај Мешков Брест.