Писонеро: Со подобрата игра во вториот дел стигнавме до посакуваниот триумф

Европскиот шампион Вардар со триумф ја почна новата сезона во Лигата на шампионите, а стратегот Давид Писонеро дебитираше со славје во елитата.

Шпанецот смета дека со подобрата игра во вториот дел Вардар стигнал до целта.

„Одигравме тежок натпревар. Во првиот дел одбраната не беше на ниво, а нападот коректен, бидејќи дадовме 16 гола. Во вториот дел се подобривме и успеавме да дојдеме до посакуваниот триумф. Имавме и неколку лесни голови преку брзи контри и задоволни сме од резултатот. Не е лесно да победиш на овој терен“, изјави Писонеро.

Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот натпревар со Порто следниот викенд.