Писонеро: Има уште место за напредок

После поразот од Кил во полуфиналето од Светското клупско првенство, тренерот на Вардар, Давид Писонеро коментираше за прикажаната игра од неговите момци, а тој е сигурен дека ракометарите ќе имаат што да покажат во натпреварувањата кои почнуваат во следниот период.

„Одигравме добро прво полувреме во ко епокажавме дека можеме добро да играме и во напад и во одбрана. Потоа следуваа наши грешки што Кил ги искористи, а кога таква екипа ќе поведе со девет гола тоа тешко се стигнува. Голманот Ландин одигра клучна улога на почетокот н авториот дел од средбата. Видов многу работи што можеме да ги подобриме и ќе работиме сето тоа да биде добро до почетокот на сезоната во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите“, изјави тренерот на Вардар, Давид Писонеро после полуфиналето во Дамам.

Мечот за 3. место Вардар ќе го игра в сабота со поразениот тим од дуелот меѓу Барселона и Ал Веда.