Писонеро: Гостувањето во Запорожје е совршено за во СЕХА лигата

И на вториот дуел од СЕХА лигата екипата на Вардар нема да биде комплетна. Покрај повредените ракометари кои не беа дел од тимот на Супер Глоуб сега Писонеро нема да може да смета ниту на голманот Калифа Гедбан ниту на Скубе, кој има лесна повреда и ќе одмора за да се подготви за средбата против Монпелје во Лигата на шампионите.

„Ова ќе биде прв сериозен тест за Вардар и е совршен натпревар за гостување во СЕХА лигата против многу добар ривал. Ако сакаме добар резултат, треба да дадеме сè од себе. Трениравме напорно и мислам дека ни требаат квалитетни натпревари. Мислам дека играчите и екипата се подготвени за вакви средби и со нетрпение чекаат да излезат на теренот“, вели тренерот на Вардар, Давид Писонеро.

Натпреварот против Мотор Запорожје се игра утре од 16:15 часот.