ПИК Сегед се намачи со Мешков, ПСЖ лесно до победа во Данска

Ракометарите на ПИК Сегед се вратија на победничките патеки по поразот од Вардар во Скопје. Во рамките на 5 коло од Лигата на шампионите, избраниците на Хуан Карлос Пастор го победија составот на Брест Мешков со 24:22 во интересен меч.

Домашниот тим на два пати имаше плус 3 во првиот дел, но на пауза се замина само со гол предност, 11:10. Во вториот дел по водството на ПИК Сегед, 13:11, Брест стигна до 13:13, а потоа беше и 14:14, 15:15, 16:16, 19:19. Домашните преку Балог поведоа со 21:19, и умешно до крајот ја сочуваа предноста за конечни 24:22, иако Мешков секогаш намалуваше на гол негатива.

Најдобар во домашниот состав беше Балог со 9 голови, а по 3 имаа Калман и Бодо, додека во Брест Мешков се истакнаа Стојковиќ и Атман со по 4 голови.

ПСЖ немаше проблеми и победи на гостувањето кај Силкеборг со 36:30, а Никола Карабатиќ имаше одлична партија со 9 голови, додека Ла Риоха го победи Елверум на гости со 32:27.

Фото: delmagyar.hu