ПИК Сегед се загреа за Вардар: Бодо и Баниди го средија Комло

Унгарскиот шампион ПИК Сегед во победничка атмосфера доаѓа во Скопје на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Вардар.

Избраниците на Хуан Карлос Пастор славеа убедливо на гостувањето кај составот на Комло со 24-34 во натпревар од 21 коло од унгарскиот шампион.

Најдобри стрелци кај ПИК Сегед беа левиот бек Рихард Бодо седум погодоци и пикерот Бенце Баниди со шест голови.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра на 25 април во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:00 часот.