Пивот од светски калибар: Стоилов заслужено меѓу најдобрите седум на четвртфиналето (ВИДЕО)

Стојанче Стоилов го понесе епитетот најдобар пикер по првите четвртфинални дуели на ЕХФ Велукс Лигата на шампиони во машка конкуренција. Вардаровиот пикер беше ракометарот кој со својата бескомпромисна борбеност и ефикасност од линијата на шест метри, во последната третина од натпреварот се обидуваше да го врати Вардар во игра и да ги задржи шансите на “црвено-црните” за пласман на фајнл-фор турнирот.
Друшто на Стоилов во најдобрата седморка по првите четвртфинални дуели му прават: Мануел Штрлек (Киелце), Момир Илиќ (Веспрем), Никола Карабатиќ (Барселона), Лука Степанчиќ (ППД Загреб), Рајко Продановиќ (Пик Сегед), и Роланд Миклер (Веспрем).