Пешиќ за 24Ракомет ТВ: Знаеме се за Вардар, но и тие знаат се за нас! (ВИДЕО)

Вардар денеска го игра полуфиналниот натпревар од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига против домаќинот Брест Мешков.

Еден од најдобрите поединци во белорускиот шампион, кога се во прашање натпреварите против Вардар, секогаш бил голманот Иван Пешиќ.

Тој смета дека нема тајни меѓу двете екипи, но дека сепак секогаш постои можност да се изненади ривалот.

„Нема тајни меѓу нас и Вардар. Ние знаеме се за Вардар, но и тие знаат се за нас. Сепак, секогаш постои можност за некакво изненадување. Како и да е, ќе биде многу интересен натпревар“, вели Пешиќ за 24Ракомет ТВ.

Натпреварот меѓу Брест Мешков и Вардар се игра денеска со почеток во 19:00 часот.