Пешевски се заблагодари, со титула си заминува од Запорожје (ФОТО/ВИДЕО)

Пивотот на репрезентацијата на Македонија, кој следната сезона ќе се пресели во Бундес лигата, Жарко Пешевски, си заминува од Украина со титула освоена со тимот на Мотор Запорожје. Пешевски и колегите беа фаворити и пред почетокот на шампионатот и тоа го оправдаа и на теренот така што нема ништо непредвидено околу титулата.

Мотор Запорожје доминираше и заврши без пораз, па на крајот ракометарите заслужено се радуваа.

Репрезентативецот на Македонија, упати благодарност до колегите и клубот така што сега веќе може да се посвети на новите предизвици. Прво на натпреварите со репрезентацијата, а потоа и на обврските со новиот клуб.

Како изгледаше радоста после освоениот трофеј можете да видите во видеото во продолжение.

https://www.facebook.com/414821932011192/videos/850501798659895/