Пешевски и Мотор немаат загубено ниеден бод, а се наоѓаат на третото место во украинскиот шампионат

Тимот на Мотор Запорожје пред реванш средбата од осминафиналето во Лигата на шампионите против полскиот Келце, одигра натпревар од домашниот шампионат.

Противник беше составот на ЦСКА Киев, кој си замина од Запорожје со убедлив пораз од 20 голови разлика, 31-11.

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски беше во ростерот на Мотор и успеа да постигне два гола на оваа средба.

Мотор сега има 36 бодови и се наоѓа на третото место со максимален биланс од 18 победи на 18 меча, а лидер е ЗТР Запорожје со 40 бодови, но овој тим има одиграно 22 натпревари.

Шампионот ќе ги одигра заостанатите средби по обврските во Лигата на шампионите, па ситуацијата на табелата нема уште долго време да биде ваква.