Пешевски: Жалиме што не извлековме барем бод!

Македонското дерби од 10-то коло во СЕХА лигата им припадна на „црвено -црните“ откако вечерва во својот ракометен храм го совладаа составот на Металург. Младите ракометари имаа предност и иницијатива во поголем дел од натпреварот, но на крајот концентрацијата и квалитетот не им овозможија да извлечат повеќе од пораз на овој дуел. Пешевски постигна еден гол во поразот на Металург но потенцираше дека дуелот лесно можел да заврши и со поделба на бодовите.


Жарко Пешевски, ракометар, РК Металург:

Честитки за Вардар, Металург одигра максимално борбено од првата до последна минута. Жалиме што не извлековме барем бод. Тоа ќе дојдеше како шлаг на тортата по гостинската победа во Елверум, но немавме сили во финишот и Вардар заслужено победи.

ФОТО: Игор Паневски