Печенковски: За секој постигнат гол моравме да се мачиме

Металург го доживеа третиот пораз во тековната сезона во Лигата на шампионите, а овојпат подобра од македонскиот вицепрвак беше екипата на Монпеље, која славеше со убедливи 28:18. Средниот бек Горан Печенковски вели дека за секој постигнат гол во вториот дел неговиот тим морал многу да се мачи.

“И честитам на екипата на Монпеље, тоа е најдобрата екипа со која се соочивме во досегашниот тек на Лигата на шампионите. Монпеље има многу квалитетни ракометари и за секој гол постигнат денеска моравме да се помачиме. Второто полувреме го одигравме лошо.“ – изјави Печенковски.