Пехар и со мажите и со жените: Владимир Глигоров со двојна круна во Купот на Либан

Владимир Глигоров освои двојна круна во купот на Либан откако триумфираше и со машката и со женската екипа на Ал Сакада каде што работи како тренер во оваа сезона.

Во финалето на женскиот куп екипата на Ал Сакада се соочи со составот на Марилис, а овој дуел заврши со резултат 26:21 така што немаше поголем проблем за Глигоров да се израдува на трофејот.

Средбата во машка конкуренција беше против тимот на Армијата, а и тука разликата на крајот беше пет гола. Ал Сакада славеше со 31:26.

На тој начин, Глигоров веќе стигна до два пехари, па ова е одличен почеток на сезоната во која ќе има можност за нови трофеи и со репрезентацијата на Либан.