Петровски и Балатонфуреди поразени кај Ѓонѓоши

Тимот на Балатонфуреди, каде настапува македонскиот интернационалец Михаил Петровски, загуби на гостувањето кај Ѓонѓоши во првото коло од унгарскиот шампионат со минимални 24:23. Иако гостите водеа со два до три голови, сепак на крајот победата остана за домашниот тим.

Петровски беше стрелец на 3 голови од 4 обиди. Во следното коло Балатонфуреди ќе игра дома со екипата на Орошази, што вусшност ќе биде македонски дуел,бидејќи во Орошази игра Никола Маркоски.

Фото: veol.hu