Петровски и Балатонфуреди го размонтираа Балмазујварош

Екипата на Балатонфуреди, каде настапува поранешниот ракометар на Пелистер и Вардар, Михаил Петровски, забележа убедлива победа на гостувањето кај Баламзујварош со 33:22, во натпревар од 9 коло на унгарскиот шампионат.

Македонскиот десен бек постигна 2 гола од 2 обиди на овој натпревар, но според унгарските медиуми во финишот заработи повреда. На домашните не им помогна ниту одличното деби на екс ракометарот на Вардар и Металург, Александар Стојановиќ, кој даде 5 голови.

Балатонфуреди се наоѓа на 5 позиција на табелата во унгарскиот шампионат, а следниот меч го игра на домашен терен против Чурго.

Фото: veol.hu