Петровски за 24Ракомет: Еурофарм може да се носи со сите ривали!

Ракометарите на Еурофарм Работник ќе бидат дел од групата Ц во следната сезона од најелитното европско клупско натпреварување – Лигата на шампионите. Македонскиот вицепрвак во својот деби настап во елитата ќе игра против шведскиот Савехоф, словачкиот Татран Прешов, финскиот Кокс, шпанската Бидасоа и португалскиот Спортинг.

Десниот бек Михаил Петровски вели дека Еурофарм Работник може да се носи со сите ривали.

„Според мене добивме противници со кои можеме да се носиме и да запишеме неколку бодови на нашето конто. Како дебитанти во ова натпреварување, секој меч ќе ни биде тежок, меѓутоа со еден сериозен пристап и добра подготовка можиме да бидеме незгоден противник за секоја екипа од оваа група“, изјави Петровски.

Групната фаза започнува во периодот од 11 до 15 септември, додека последното коло ќе биде одиграно на почетокот на декември.