Петровски го доби македонскиот двобој во Унгарија

Македонскиот двобој во унгарскиот шампионат го добија Дабас и Михаил Петровски. Тие славеа на гостувањето кај тимот на Орошази, за кој настапува пикерот Никола Маркоски, со 23:26, во рамките на 8 коло.

Петровски беше втор стрелец во тимот на Дабас, изненадувањето во Унгарија оваа сезона. Тој постигна 4 голови, но сите од нив беа во клучните моменти кога се кршеше резултатот. Маркоски повеќе време мина во одбрана и даде 1 гол.